Најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, вечерва ќе слави роденден.
Според најавите, 31 роденден на партијата ќе се прослави во Охрид, поточно во Античкиот театар.
Најавено е обраќање на лидерот на партијата Христијан Мицкоски и на Ѓорѓија Сајкоски кој е актуелен генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ.