Се повеќе граѓани се приклучуваат на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, насловена „Важно е! Од тебе зависат промените“ и објавуваат кратки видео пораки, велат од опозициската партија.
Портпаролот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева истакна дека за нејзе важно е да останеме дома, а како што рече за неа дома е Македонија.
Важно е да останеме дома, за мене дома е Македонија, потенцираше Митева.
Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска вели дека за нејзе важно е платите да растат, се со цел да може да ја стигнеме Европа.
Важно е платите да растат и да ја стигнеме Европа, остакна Димитриеска Кочоска.
Според пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки важно е секој кој сторил криминал да одговара.
Важно е секој кој сторил криминал да одговара, изјави Ковачки.
Претседателот на републичката комисија за инфраструктура и урбанизам на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Ивановски нагласи дека за него е важно во Македонија да има безбедни патишта и улици без дупки.
Важно е да имаме безбедни улици и патишта без дупки, кажа Ивановски.
Ѓоко Велковски рече дека за него важно е законите да важат подеснакво за сите.
Важно е законите да важат подеднакво за сите, а тебе што ти е важно, праша Велковски.