ВМРО-ДПМНЕ утре повторно ќе излезе на протест пред Министерството за здравство. Од партијата го повикуваат министерот Венко Филипче да си поднесе оставка за спас на народот.
-Филипче и Заев се одговорни за 4.357 жртви од корона. Додека целиот свет беше во потрага по вакцини, Заев и Филипче беа во потрага по провизии за кинески вакцини. Денес овие луѓе што умираат немаше да починат, доколку Заев и Филипче не возеа мотори туку обезбедеа вакцини. Крвави се рацете на Филипче и Заев кои од државата направија кланица во која гробиштата се полни, а парковите празни. Додека луѓе умираат, единствено што се гради е хациендата на Филипче на Водно, велат од опозициската партија.