Опозициската ВМРО-ДПМНЕ утре ја започнува Иницијативата за собирање потписи за поништување на Законот за попис, а формалното собирање потписи, би можело да се очекува на почетокот на следниот месец поради законските рокови.
Лидерот на партијата Хрисијан Мицковски соопшти дека на вчерашната седница на Извршниот комитет била разгледана процедурата за собирање потписи.
Мицковски вели дека процедурата почнува со собирање на сто потписи од подрачните единици на Државната изборна комисија, а потоа предлогот со потписите се доставуваат до спикерот на Собранието, кој иницијативата ја прерпаќа на разгледување до матичната комисија, Законодавно-правната комисија.
„Откако ќе се констатира комплетноста на 100-те потписи, претседателот на Комисијата го известува спикерот, кој потоа го известува предлагачот и премиерот, кој во рок од 20 дена иницијативата ја доставува до подрачните одделениа на ДИК, по што почнува процесот на собирање на потписи“, објаснува Мицковски.
Опозицијата останува на барањето ако не може да се одложи тогаш во април да имаме електронски попис.