Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска во својата прес конференција рече дека иницијативата за референдум не е во спротивност со Уставот и оти единствен орган којшто може да го толкува Уставот е Уставниот суд, а не претседателот на Собранието.

„Нема друг случај во светот каде претседател на Собрание толкува Устав затоа што тоа е единствено во надлежност на Уставниот суд. Референдум за поништување на законот за ратификација на договорот со Бугарија е во согласност со Членот 24 од законот за референдум и не е во спротивност со Уставот“, рече Стојановска.

Реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ следува откако попладнево собраниекиот спикер ја отфрли иницијативата за референдум поднесена од ВМРО со образложение дека е противуставна.