Мафијашите кои добија македонски пасоши од Спасовски се пресметуваат низ светот. Нарко босот Јован Вукотиќ кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево на име Ѓеорѓи Андонов вчера во мафијашка пресметка е убиен во Турција, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат од оваа партија, вукотиќ имаше македонски пасош со кој слободно се движел и ги користел придобивките на истиот.

-Вукотиќ како познат мафијаш кој извршувал голем број на кривични дела тоа го правел и со помош на пасошот кој му е издаден од МВР на Спасовски. Криминалците на кои антимакедонската СДС им издаде македонски патни исправи се шетаат низ светот со нив правејќи огромен криминал. Спасовски за оваа афера не одговараше и одговорноста се сведе на неколку полициски службеници. Спасовски го наруши кредибилитетот на државата и МВР како институција. Спасовски треба да понесе одговорност за злоупотребата на функцијата и институциката со која раководи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.