Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека во владејачката СДСМ има раскол пред изборите затоа што досегашните градоначалници не сакале да се тркат за втор мандат бидејќи знаат дека сигурно ќе губат.

Тие сметаат дека поголем број општински ограноци откажуваат послушност на Заев заради се поевидентниот пораз на СДСМ.

-СДСМ за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидира Сугарески кој смени пратенички, министерски и директорски места за сега по кој знае кој пат да алудира за нова функција. Во Прилеп никој не сакал да губи, единствен кој се нафаќал на пораз е вечниот функционер на СДСМ, Сугарески, кој заедно со фамилијата на власт пустошеше изминативе години. Иста е ситуацијата и со Велес. СДСМ нема кандидат кој ќе се нафати да трча освен некој стар истрошен кадар како Марјан Николовски, се вели во соопштението на партијата.