„Спасовски наместо да пушти хеликоптер за некој од скоро 4.000 починати од КОВИД 19, кои ја изгубија битката со оваа болест, често и заради задоцнето примање во болница, тој го претвори хеликоптерот од МВР во такси на Заев.
Хеликоптерот не летна ниту еднаш за ниту еден ризичен случај, но лета за Заев и Филипче.
Смешни се обидите на Заев за вадење од калта во која сам потона. Доколку хеликоптерот на МВР е поефтино превознк средство од автомобилите, тогаш очекуваме тој веднаш да биде ставен на располагање на болниците низ државата, и да транспортира пациенти, наместо владини функционери.
Доколку не е поефтин, што е и реалноста, Спасовски да каже колку ја чинеше државата летањето на Заев?
Дали летањето на Заев чинеше 1.000.000 денари? И зошто тие пари наместо во борба против пандемијата се потрошија за хирот на Заев?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.