Дуото Васко и Димитар Ковачевски се причината за енергетската катастрофа во Македонија. И двајцата се одговорни за тонењето на енергетскиот сектор, криминалиите, корупцијата и неспособноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на новогодишното обраќање на Васко Ковачевски, директор на ЕСМ, кој изјави дека со нивната посветена работа граѓаните немале рестрикции во струјата и работеле домаќински.

Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели:

Васко Ковачевски требаше уште одамна да си поднесе оставка, наместо без срам да дава изјави.

Тој е директорот во чие време ЕЛЕМ/ЕСМ стана загубар. Заради неговата неспособност компанијата добива милионски износи народни пари за да се покрие лошото менаџирање. Само во декември му беа исплатени 25 милиони евра буџетски средства, а вкупно во 2022 добиле 175 милиони евра.

Во негов мандат домашното производство на електрична енергија дојде до најниско рекордно ниво, па сега се фали што успеал нешто да подобри. Поради недостигот на домашно производство на струја Македонија за еден месец потроши над 40 милиони евра за увоз.

Тоа од кое што другите би се срамеле, Ковачевски го прикажува како наводен успех. Колку побрзо си заминат ваквите ликови од позициите, толку подобро за Македонија и за граѓаните.