Шефот на државата вечерва негираше дека САД не прифатиле уште еден кандидат за македонски амбасадор во Вашингтон. Рече дека до сега не добил предлози од Владата за амбасадори во Вашингтон и во Брисел и наведе дека коалициските партнери, веројатно, се во последна фаза од усогласувањ
Како „тежок блам“ го оквалификува ВМРО-ДПМНЕ вечерва потегот на претседателот Стево Пендаровски, кој го потпиша Указот за заминување на професорот Љубомир Фрчкоски како амбасадор на земјава во седиштето на ОН во Њујорј, без да го одбрани тезите во собраниската Комисија за надворешни работи.
Претседателот Пендаровски, пак, во гостување во дневникот на Сител рече дека претседателот на Комисијата за надворешни работи можел да закаже седница за одбрана на платформата на Фрчковски и опозициата таму лично да му ги постави прашања што ги смета за прека за негово заминување на амбасадорската функција.
“Одбраната на тезите во собраниската Комисија е практика што јас ја почитувам, ама не е законска обврска“,рече Пендаровски.
Тој повтори дека Фрчкоски повеќе месеци чекал да биде закажана седница на Комисијата и дека во меѓувреме МНР испратило неколку барања за тоа до Милошоски, а во меѓувреме имало седници за одбрана на тезите на осум други амбасадори.
„Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен. Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали. САД не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк. Пендаровски ги потценува САД. Пендаровски го нарушува угледот на Македонија“,
се наведува во реакција на ВМРО-ДПМНЕ, откако од претседателскиот кабинет потврдија дека е потпишан Указот за Фрчкоски.
Пендаровски вечерва негираше дека САД не прифатиле уште еден кандидат за македонски амбасадор во Вашингтон. Рече дека до сега не добил предлози од Владата за амбасадори во Вашингтон и во Брисел и наведе дека коалициските партнери, веројатно, се во последна фаза од усогласување пред утврдување на кандидатите за нови амбасадори.
Шефот на државата информира и дека на Ненад Колев му е одложено заминувањето на амбасадорското место во Москва поради руско-украинската криза.
„Брзо очекувам Комисијата во Собрание да ја заврши својата работа и ако можеме за месец – месец и пол да ја испратиме Агнеса Руси за амбасадор во Софија. Досегашниот наш амбасадор при ЕУ, Руси, професионален дипломат од МНР, треба а биде наш амбасадопр во Бугарија. Тоа место, во Брисел се испразнува и многу е битно побрзо да имаме човек таму, во ЕУ“,потенцира Пендаровски.