ВМРО-ДПМНЕ реагираше на соопштението на Кабинетот на Претседателот, во кое администрацијата на претседателот Пендаровски изрази разочарување од изјава на Христијан Мицкоски, дека средбата на Пендаровски со американскиот претседател Бајден била „ТикТок средба“.

„Во ситуација кога имаме киднапиран пратеник, за да владата  преживее за да продолжи да краде.  Во ситуација кога струјата ќе поскапи двоцифрени проценти, поради неспособната влада и криминалните тендери од РЕК Битола.  Кога државата е легната на колена и економски и идентитетски. Кога се уште сме надвор од ЕУ, Стево Пендаровски наместо на страната на народот, се стави на страна на криминалците и Зоран Заев преку лажни толкувања на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Стево Пендаровски уште еднаш покажа дека е партиски портпарол на Заев, наместо претседател на сите граѓани на Македонија“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.