И еден милион соопштенија да напишат од штабот на СДСМ нема да го исперат срамот, тагата и трагедијата дека се виновни за смртта на близу 4.000 наши сограѓани. Сите починати од 1 јануари до денес одат директно на совеста на Зоран Заев и Венко Филипче, кои не набавија вакцини кога целиот регион и остатокот од светот тоа го правеше, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Земјите од регионот, но и светот се сочуваат со пад на бројот на заболени и починати и пандемијата почека згаснува, затоа што поголем дел од популацијата имаат вакцинирано. Денеска сме 4 април а Заев има добиено повеќе вакцини како донација, отколку што самиот има набавено. Да не е добрината на соседна Србија немаше да можеме да ги вакцинираме ниту здравствените работници во Ковод центрите. Срамно и жално, посочуваат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Заев и Филипче мора да се свестат, велеа дека ќе имаме 2.000 заболени во текот на целата пандемија, а сега имаме по 3.000 заболени за два дена“.

-Имаше недостаток на клексан и инвермектин. Народ примаше инфузии во болнички дворови. Живи пациенти лежеа до мртви. Жена умре во болница затоа што немаше кој да и даде кислород. Луѓе се вакцинираат преку ред затоа што имаат врски со власта. Системот е пропаднат и за тоа одговорни се Заев и Филипче, истакнуваат од партијата.