Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи целодневен настан во објектот на Македонската Филхармонија кој ќе финишира со отчет за првите 100 дена од управувањето на општините од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Слоганот под кој ќе се одржи настанот е „Промени што носат иднина – 100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ“.
На настанот ќе биде презентирано она што е сработено во изминатиот период од 100 дена.
Свое обраќање ќе има и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а ќе се одржат и три одделни панел дискусии на теми: Што наследија општините, Европските практики во локалните самоуправи и Младите и нивната перспектива во општините.
Покрај овој настан, како што најавија од партијата, во наредниот тринеделен период ќе бидат организирани и 6 регионални отчети на територијата на Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени.