ВМРО-ДПМНЕ одговори на СДСМ за прозивките и критиките дека треба да биде повлечен предлогот Јелена Жугиќ да биде назначена за член на Управен одбор на МКЦ.
-Жугиќ има добиено награда за најдобар млад глумец во 1996 година, а во 1997 година на Националниот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп награда за најдобра глумечка креација. Награда од истиот тип добива и во 2001 година.
Жугиќ има добиено и награди како Златна Бубамара на популарноста во 2009 година, како и награди за најдобра женска улога во 2011 и 2012 година од страна на Националниот театарски фестивал Војдан Чернодрински.
Таа има голем број на филмски и театарски улоги. И е човек со импозантна биографија.
СДСМ се уплашени од откривањето на криминалите кои се направени овие години во градот Скопје и за тоа панично и хистерично реагираа за членовите во Управните и Надзорните одбори. Но криминалот и недомаќинското работење ќе испаднат на површина и за секој криминал ќе има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.