ВМРО-ДПМНЕ со соопштение се огласи откако неколку дена по ред Скопје во светски рамки се наоѓа на врвот на листата на најзагадени градови. Во изминатите неколку денови концентрацијата на ПМ10 и ПМ2,5 честички во возудхот е на висико ниво, што покажува висока загаденост. Според ВМРО-ДПМНЕ, екс градоначалникот Петре Шилегов е виновен за загадениот воздух.

Пред два дена Шилегов преку социјалните мрежи се пожали на загадениот воздух во Скопје.

-Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови. Смешни се обидите на Шилегов кој беше градоначалник до пред два месеци и не направи цел мандат ништо против загадувањето на воздухот сега да тврди дека некој друг е виновен. Тоа што СДСМ не направи ништо за подобрување на квалитетот на воздухот е проблем против кој градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се борат. Но пред се тоа е проблем за кој решение мора да изнајде државата во целост. Но владата е неспособна за тоа и затоа треба да си замине, зошто 5 години нема еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот. СДСМ нема да направи ништо против загадувањето. Владата е некомпетентна и не знае. Потребни се брзи предвремени избори и нова влада за реални промени и решавање на проблемите на граѓаните од корен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.