Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека Македонија веќе 2 и пол години е без највисок воен претставник во седиштето на НАТО во Брисел затоа што кандидатот предложен од Шекеринска и прифатен од Пендаровски, НАТО го одбил.
Ковачки тврди дека деновиве, поради безбедносни причини, НАТО ни вратил уште едно лице кое било испратено и работело веќе една година во Брисел.
„Шекеринска и Пендаровски испраќаат лица за претставници во НАТО, кои не ги поминуваат нивните филтри. Ова е меѓународен и дипломатски скандал и со него се нанесува штета на угледот на државата“, рече Ковачки.
Тој ја повика министерката Шекеринска и претседателот Стево Пендаровски да објаснат дали се испочитувани процедурите за избор и упатување на лица на мисии во странство или не.
„НАТО почива на доверба меѓу сојузниците. Кој ви даде право да ја рушите со години градената доверба меѓу НАТО и Македонија“, рече Ковачки.
Според него, Шекеринска и Пендаровски мора да понесат одговорност за огромниот скандал што не компромитира како земја.
Неодговорно е што Шеќеринска го објавил името на кандидатот пред да ги помине сите проверки, додаде Ковачки.
„Неодговорно е да го носите тоа лице на средби со министерот за одбрана на САД и генералниот секретар на НАТО. Така правите штета и на лицето, на институцијата каде го носите, а пред се правите штета на Македонија“, оцени тој.
За него, е нејасно дали Шеќеринска ова свесно и намерно го прави или се работи за аметеризам.