ВМРО-ДПМНЕ вели дека Ковачевски на Харвард завршич курс, а не факултет.

-Ако е точно, тогаш направил класична лага и манипулација на јавноста, бидејќи ваквиот курс е скапо платена кратка едукација платена со неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од  ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека во тоа се гледа очајот на Зоран Заев да најде продолжувач на заевизмот.

– Заев мораше да го преставува Ковачевски како студент од Харвард за да звучи уверлив, а тој бил само курсаџија. Пиунот Ковачевски од курсаџија стана главен адут на Заев. Тажно, но вистинито.Очигледно фарсата наречена нов лидер на СДСМ, добива нови димензии. Ковачевски е веројатно најдобриот пиун кој можел Заев да го одбере во СДСМ со цел да продолжи заевизмот и контролата на партијата како сопствена приватна фирма.Ништо во СДСМ  не се менува, заевизмот владее заедно со сиот криминален и коруптивен систем кој произлегува од него – велат од ВМРО-ДПМНЕ.