Oд ВМРО-ДПМНЕ реагираа на изјавите на екс министерот за надворешни работи и екс вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, кој кажа дека нема целосна доверба во актуелниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи.
Од партијата порачаа да не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на злобната Бугарија, туку како што велат тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси.
„Наместо Европа на Македонија, СДСМ, Заев и Димитров ја однесоа државата во ќорсокак во однос на европските интеграции. Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи и го поларизираше општеството. Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси, бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана таа е и задоцнета“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.