Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение порачува на СДСМ, наместо да ја лаже и замајува јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, треба да признае дека нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ бил позитивен, но без маска се шетал низ Охрид за време на манифестацијата Водици.
-СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани.
Миле Зечевиќ и официјално е позитивен на корона вирусот од 20-ти јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани.
Ја повикуваме директорката на центарот за јавно да го осуди неодговорното постапување на Миле Зечевиќ. Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ.
СДСМ напаѓајќи го и фингирајќи случај против градоначалникот Кирил Пецаков само докажува дека се неспособни да се справат со короната која однесе над 8 илјади животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.