Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната прес конференција на Дарко Каески од редовите на СДСМ

„Секој граѓанин знае дека СДСМ и Заев лажат затоа што секој еден човек чувствува дека не живее подобро.
Дарко Каевски неуспешно ги брани политики на криминалната Влада на СДСМ
Единствена вистина е дека Македонија нема никаков напредок во борбата со корупцијата, а тоа го нотира и „Фридом Хаус“.
Македонија останува делумно слободна држава во која што се нотирани, изборен поткуп, заплашување на гласачи. Македонија е земја во која новинарите се предмет на политички притисок и вознемирување, а физичките напади продолжуваат да се пријавуваат.
Оценката на „Фридом Хаус“ дека Македонија е делумно слободна држава само се надоврзува на оценките од почетокот на годинава за хибриден режим на „Економист“, на оценката дека Македонија тоне во корупција според „Транспаренси Интернешнл“, е најкорумпирана земја во Европа.
Македонија со Владата на СДСМ не може да постигне никаков напредок, освен во корупцијата и криминалот“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.