Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинуваат дека СДСМ гласала против пензионерите да добијат покачување од 20%.
„ВМРО-ДПМНЕ преку собранието предложи покачување на пензиите за 20%, со што ќе се постигнеше ефект пензионерите да не ја почувствуваат инфлацијата и да не биде оштетен нивниот стандард. СДСМ гласаше против, и со тоа потврди дека Ковачевски е лицемерен со пензионерите, и не сака реално покачување на пензиите. Ковачевски не сака нити покачување на платите во јавниот сектор, и е против усогласување на платите на наставниците согласно колективниот договор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека премиерот Димитар Ковачевски е „лицемерен со граѓаните и СДСМ само зема од народот“.