Понижувањата од страна на СДС не запираат, затоа нека не се чудат зошто ги нарекуваме антимакедонска СДС. Празните соопштенија од центарот за комуникации на СДС не можат да го сокријат фактот дека поддржаа отворање на културен клуб со името на фашистот Цар Борис во Охрид, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС е партија чиј претседател кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се ист народ, и трајно ги нагриза нашите позиции и го загрози идентитетот.

СДС е партијата која даде легитимитет на бугаризацијата.

Ковачевски не направи ништо да спречи отворање на клубови со фашистички имиња во Македонија, напротив тоа го дозволи.

ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира повеќе СДС кои се власт да одобруваат никулци на фашизам, и затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе законски предлог измени со кои идно формирање и регистрирање на здруженија со имиња со фашистичка позадина, но и ќе се реагира на постоечките здруженија“ – истакнуваат од партијата.