„СДСМ да не наоѓа изговори и да ја поддржи Резолуцијата во Собрание, таа е став на народот, неприфаќањето на истата е одење против ставовите на МАНУ и УКИМ.
Резолуцијата која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ е сублимат на ставовите искажани од МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.
Резолуцијата нема зошто да го плаши ниту еден политичар во Македонија кој и мисли добро на државата, нејзините интереси и народ. Секој оној кој се води од други побуди, а не од интересите на народот ќе има проблем со Резолуцијата.
Македонија мора да има исцртани црвени линии, и тие мора да добијат институционален облик.
СДСМ да не се обидува преку Собранието да ја кочи, зошто од тоа штета ќе има само Македонија.
Очекуваме СДСМ да се надрасне себе си и сопствената деструктивност и да си остане на ветеното дека ќе ја поддржи Резолуцијата без изговори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.