ВМРО-ДПМНЕ алармира дека власта на СДС во Струмица е во паника пред очекуваниот пораз на претстојните локални избори, па наместо да понуди план, визија и конкретни проекти, се свртува кон насилство и заплашување. Според партијата, сериозните инциденти и молкот на СДС по скандалозниот напад во кој учествувале нивни кадри, како и присуството на лица со кривични и прекршочни досиеја на нивната листа за советници, ја потврдуваат загриженоста дека институциите не реагираат поради политичка блискост со владејачкиот круг околу Заев.

„СДС во паника поради поразот кој ги очекува на претстојните локални избори во Струмица почна да шири насилство и страв.

Очигледен е очајот на раководството на СДС во Струмица па наместо да понудат проекти, план и визија тие се свртеа кон насилство и заплашување.

Наместо да се извинат, да се оградат и дистанцираат по скандалозниот напад во кој нивните кадри Христијан Ефтимов и Илија Стојанов крвнички тепаат странски државјани, од партијата само молк.

Дали Филипче и СДС ќе се оградат и дистанцираат од насилниците и насилството?

Зошто судството се уште не реагира?

Дали за СДС и нивните насилници на листа за советници не важат законите?

Но, Христијан Ефтимов и Илија Стојанов не се исклучок, носителот на листа, Миле Гогов има кривична за загрозувaње на сигурност, додека за Шефкет Асанов има прекршочна за насилство и нарушување на јавен ред и мир.

Дали судството ќе реагира за овие прекршители на законот?

СДС во Струмица се опкружени со насилници и луѓе подготвени да прават насилство и да го прекршуваат законот, додека институциите не реагираат поради тоа што се блиски до Заев.

На Струмица и требаат лица со интегритет и визија, а не уценувачи и насилници“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.