СДС некрофилска, без никакво човечко чувство, повторно ставаат сол на свежите рани на настраданите од трагедијата во Кочани и нивните семејства, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Фатени живи како за нив и нивниот претседател Венко Филипче не биле важни човечките животи, туку важни им биле само провизиите, шират хистерија и ја дефокусираат јавноста.
Ако на СДС нешто не му е јасно, нека се обрати до надлежните институции, судство и обвинителство, чии членови ги бираше во Струмица.
Преку судот на СДС, за сите необјаснети прашања, нека се обратат во Јавното обвинителство и кај Љупчо Коцевски, кој е омилениот обвинител на СДС и ДУИ.
Ако не може да го добијат Коцевски, тогаш нека се јават кај обвинителот Гаврил Бубевски од СДС.
Во меѓу време, фактите говорат дека до сега немало друг случај каде во истрага биле опфатени актуелни, сегашни министри, директори и функционери, од кои дел се сè уште во притвор.
Затоа, ги повикуваме СДС под итно да прекинат со некрофилијата и нека одговорат како за провизии кои чинат животи, Филипче дозволил изградба на модуларни болници со неогноотпорни и леснозапаливи материјали, буквално како картонски кутии, запаливи за секунда, што во Тетово однесоа 14 животи.
Директорите на болниците до последно се противеле и одбивале да ги примат и да ги пуштат во употреба модуларните болници со сомнителен квалитет, но за тогашниот министер за здравство Филипче, провизиите биле поважни од безбедноста и животот на пациентите, па со негова одлука болниците се пуштаат во употреба.
Во моментот на трагичниот пожар во модуларната во Тетово, објектот нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство, а болницата изгорела за неполни две минути.
Така да, СДС наместо да собира некрофилски поени и да го политизира и злоупотребува трагичниот настан за кој во истражни постапки се опфатени најголем број актуелни и поранешни функционери, нека одговори дали Јавното обвинителство го штити Филипче за модуларната во Тетово?
Зошто Филипче е изземен од целата оваа ситуација, иако осудените поранешни директори рекоа дека на обвинителна клупа треба да седне Венко Филипче, како најодговорен за смртта на 14 луѓе“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.