Шукова говори за тоа што му фали на Скопје, и тоа би било во ред, доколку само до пред една година таа не беше токму министер за животна средина и просторно планирање, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Таа како министер имаше можност и простор, да направи план за намалување на аерозагадувањето, за зелени површини, за еколошки јавен превоз, но сепак таа одлучи да му слугува на Ковачевски, а во реалноста на Заев.
СДС и Шукова ниту имаат план, ниту знаат како да го подобрат животот на Скопјани. Тоа е видливо затоа што единствен „успех’’ на СДС во Скопје за подобрување на животната средина е зелената површина на Шилегов на плоштадот“.
Времето на Шукова, додаваат од партијата на власт, заврши уште пред да почне. На граѓаните, според нив, им е преку глава од лажни ветувања кои знаат дека нема да се реализираат.
„Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ постепено ќе ги градат темелите на промените во Скопје“, нагласуваат од партијата на Мицкоски/ Макфакс