СДС и ДУИ ја сместија Македонија во земји каде владее хибриден режим. Ваквите негативни извештаи станаа секојдневие со оваа влада. Македонија со години тапка во место. ДУИ и СДС се убедливо најнеспособната влада. Стагнацијата и просекот за нив се успех, а за Македонија пораз, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, за извештајот на Фридом Хаус „Нации во транзиција“.

Во нивното соопштение се вели:

Оценката за владеењето на владата и независноста на медиумите е 3.5. Корупцијата и независноста на судството е оценета со 3.25. Македонија стана држава која од една тројка никако и никаде не може да добие повисока или подобра оцена.

За оваа состојба во која се наоѓа Македонија, за хибридниот режим кој го уништи доброто владеење и правдата преку инсталирање корупција во секоја сфера од општеството одговорноста лежи во СДС и  ДУИ.

На Македонија и се неопходни промени и напредок, кој ќе резултира со подобрување на реномето на Македонија на сите релевантни извештаи, а ВМРО-ДПМНЕ на тоа се обврзува.