„СДС и Арсовска се виновни за хаосот во град Скопје. СДС и Арсовска го донесоа ЈСП до банкрот.

Директорот на ЈСП, Александар Стојковски, е кадар на СДС поставен од Арсовска. Стојковски го потпишал договорот од 27 милиони за набавка на гориво вез вообичаениот рабат.

Со години ЈСП во договорот за набавка на гориво добива рабат. Само со Данела Арсовска и кадарот на СДС Стојковски нема рабат, и заради тоа претпријатието е оштетено за 1.5 милиони евра.

1.5 милиони евра се сосема доволни за да се реши проблемот со приватните превозници, но Арсовска и СДС не сакаат да го поништат договорот за набавка на гориво за да распишат нов оглас и да добијат рабат.

Сите претпријатија под град Скопје се заглавени, затоа што со нив управуваат Арсовска, СДС, ДУИ и Левица“,  се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.