Шилегов и СДСМ почнале изградба на мост, а не направиле пристап до него. Тој не продолжува кон булеварот, туку во куќа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Стефан Васев, кој обвини дека градоначалничката Данела Арсовска од само за неа познати причини решава да ја запре изградбата на мостот „Михајло Апостолски“ во Аеродром.

„100-ина нерешени предмети за експропријација и имотно-правни проблеми треба да се решат, па да може да се изградат приоди до мостот“, објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од паријата посочуваат дека пред воопшто да почне со градба на мостот поранешниот градоначалник Петре Шилегов требало да ги реши сите придружни работи, а не, како што велат, да остави куп нерешени предмети и да се фали дека нешто почнал да работи.