Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за попис и тоа по итна постапка. Како што вели нивната пратеничка група, сите факти и аргументи говорат дека власта подготвува политички фалсификат и нерелевантен попис.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вела тдека уште од самиот старт укажувале на многубројните недостатоци и аномалии на Законот за попис и од тие причини поднеле околу триесетина амандмани кои имаа за цел да го подобрат текстот на законот. Сепак, како што велат тие, власта не прифатила ниту еден амандман.

Секојдневно и на секој начин укажувавме дека овој попис, предвиден и договорен како што замислува СДСМ и Заев, нема да биде релевантен и нема да даде точни и релевантни податоци, туку само дополнително ќе ги доведе Република Македонија и нејзините граѓани во заблуда, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.