Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата
Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ, а не за слепата улица во која тој ја донесе државата е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата.
Навистина е неважно што мисли повеќе Ковачевски во државата зошто тој е нелегитимен премиер на Влада која е нелегитимна.
Денес Ковачевски требаше да се извини што лажеше цела година дека има мнозинство и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени.
Во трката за 80 пратеници ја изгубија кохезијата и подршката од пратениците од власта зошто на сите и во СДС им е јасно дека предлогот е штетен и дека бугарскиот диктат не треба да се испопни.
Решението е едно: оставка и избори.