РЕК Битола во исто време набавува механизација и објавува јавна набавка за изнајмување на истата механизација од приватни компании обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски објаснува дека од 20 можни договори за купување механизација се склучиле 16, а останатите четири објави се поништиле.
„Договорите со бр. 10057/2020 за набавката на нова опрема се склучија на 15 февруари 2021 година со рок на испорака од шест месеци за девет договори, девет месеци за четири договори и 12 месеци за три договори. Тие со рок за испорака од шест месеци веќе требаше до пред десеттина дена, најдоцна до 15 август 2021 година, да бидат испорачани и да работат во РЕК Битола. Но, АД ЕСМ објави дека пристигнал дел од опремата, како дампери, утоварувачи, камиони, грејдер и дигалка. Зошто сега во јавната набавка која е во тек под број 14174/2021 се бара услуга од приватни компании за овие машини како утоварувач, грејдер, автодигалка?“ прашува Арсовски.