Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ бара да има судска разврска за скандалите на Драги Рашковски, иако како што велат поднел оставка. Судска разрешница треба да има, според нив и за Ден Дончев и Лидија Димова.
-Изнудената оставка на Рашковски пропратена со арогантен напад на јавноста не е преземање на одговорност. Драги Рашковски има и тоа колку многу причини да одговара, почнувајќи од скандалот Леонардо, преку САРХЕМС, па до најновиот скандал со набавката на софтверот на МВР, но и за непријавениот имот, џип и хациенда. Но ако мислат Рашковски и неговиот шеф Зоран Заев дека со оставката ќе ги покријат милионските скандали, се лажат. Зоран Заев очигледно сака своите соработници кои се до гуша заглавени во криминали и корупција да ги спасува само со оставки. Така беше случајот со ден Дончев и Лидија Димова, така е и сега со случајот на Драги Рашковски. Овие милионски скандали не се покриваат со оставка, потребана е одговорност и судска разврска, велат од ВМРО-ДПМНЕ.