„По наследениот пустош, се градат темелите во инфраструктурата, Македонија инфраструктурно се развива, модернизира и трансформира. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за една година покажа како со интензивна, посветена и чесна работа можат да се завршат и отпочнат големи инфраструктурни проекти, со цел внатрешно и меѓународно поврзување на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што владата на СДС и ДУИ не можеше да го изгради за седум години власт, ВМРО-ДПМНЕ го реализираше за само една година.
За една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пуштени се во употреба делница Градско – Фариш која е од експресниот пат Градско-Прилеп во вредност од 37,4 милиони евра и должина 15,5 км, како и експресниот пат (Страцин) Ранковце – Крива Паланка во должина од 25,4 километри, вредност од околу 98 милиони евра.
Започна изградбата на автопатот Тетово – Гостивар во должина од 17,5 километри, автопат Гостивар – Кичево (Букојчани) во должина од 30,3 километри, како и автопатска делница Прилеп – Битола во должина од 39,3 километри.
Во завршна фаза е изградбата на автопатот Кичево – Охрид во должина од 40 километри, од кој за скоро време се очекува да биде пуштена во употреба делница Врбјани – Охрид.
Во однос на патната инфраструктура, отпочнати се 225 проекти во прва фаза во висина од речиси 3 милијарди денари и 615 инфраструктурни проекти во втора фаза во висина од речиси 7 милијарди денари и целосно е реконструиран регионалниот пат Охрид (Коњско) – Свети Наум, во должина од 24,5 километри и вредност 11.6 милиони евра.
Паралелно со патната инфраструктура се развива и модернизира железничкиот сообраќај, така што се пушти во употреба пругата на Коридор 8, Куманово-Бељаковце во вредност од 43 милиони евра и во должина од 31 км.
Отворена е нова железничка линија од Скопје до Куманово и од нула функционални локомотиви за само три месеци од мандатот 11 се ставија во употреба и со тоа се нормализираше железничкиот сообраќај во Македонија.
Со Договорот склучен со Обединетото Кралство ќе се гради брза двоколосечна пруга на Коридор 10, од Табановце до Гевгелија, која ја поврзува Македонија со Србија и Грција.
Воведени 11 нови авиолинии од двата аеродроми и обезбедени 360 милиони денари финансиска поддршка. Започна постапка за трет мобилен оператор, ќе се отворат нови работни места и ќе донесе конкуренција на пазарот за пониски услуги за граѓаните.
Во изминатата година се водеше особена грижа и за ранливите категории за која цел, беа доделени над 100 социјални станови во Велес, Кочани, Струмица и Гевгелија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Пуштени во употреба експресните Страцин – Крива Паланка, Градско – Фариш, започната изградба на автопатите од коридорите 8 и 10Д е превземен од МАКФАКС.