ВМРО-ДПМНЕ ја осудува постапката на Апасиев, кој со делегација на Левица се поклони пред гробот на Енвер Хоџа во Албанија.

Како што велат од оваа партија, станува збор за величење на човек познат по тортурата и изразена недемократија и кршење на човекови права.

-Привезокот на власта, фолирантот Апасиев не може во исто време да се поклонува на Енвер Хоџа, и да го бара родното место на Гоце Делчев. Шизофрената позиција водена од дневните потреби на власта за ПР, Апасиев го одведе до таму да го слави комунистичкиот диктатор. Можеби ДУИ и СДС како наследници на комунистите се чувствуваат задоволни што поранешниот советник на СЈО Апасиев е вреден обожувач на нивната идеологија, но ова нема врска со демократски вредности и само ја опишува специфичната состојба во која се наоѓа власта. Ги повикуваме ДУИ и СДС да го осудат ваквиот чин на нивниот коалициски партнер и спаринг играч Левица.

Со ова Апасиев и Левица докажаа дека нивната политика и идеологија е тортура врз сопствениот народ и поддржуваат насилни методи на цензура и насилно владеење, како што всушност владеел и самиот Енвер Хоџа.