По предупредувања веќе подолг период дека и на Македонија и се заканува потенцијално ширење на делта сојот на министерот Венко Филипче му текна дека навистина требало мерки, вели Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што вели тој, додека Филипче најавува дека допрва ќе се разгледува воведување на мерки, неговата партија предлага 15 мерки за спречување на ширењето на Делта-сојот.

Накратко, ова се мерките:

1. Професионализација на Комисијата за заразни болести;

2. Забрзување на вакцинацијата против Ковид-19;

3. Зголемување на контролата на границите;

4. Достапност на тестирање за Ковид-19;

5. Јасен и прецизен „Бел план” за здравствениот систем при нов бран на Ковид-19;

6. Зголемување на достапноста за рендген и лабораториските анализи за пациенти со Ковид-19;

7. Актуелизирање и обновување на протоколите за третман на Ковид-19;

8. Мапирање на здравствениот персонал;

9. План за пациентите со останати дијагнози;

10. Мапирање на здравствените капацитети;

11. Одредување на болници посветени за Ковид-19;

12. Мапирање на постоечката функционална апаратура;

13. Достапност на соодветен третман за пациенти со Ковид19;

14. Достапност на лична заштитна опрема ;

15. Пост-Ковид центри за пациенти коишто прележале Ковид-19;