Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, објави нови пораки за кои рече оти се јасни докази дека злосторничка група на Зоран Заев и Оливер Спасовски, составена од над 40 полицајци, во изборната кампања во Прилеп правела црни списоци на автомобили за отстранување од сообраќајниот, организирала физичко следење, давала наредба за измислување прекршоци и правела списоци за гласање.
Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска истакнаа дека очекуваат истрага и конкретни обвиненија, а доколку не се работи според законот порачаа дека по промената на власта или како што го нарекуваат „ослободувањето на системот“ ќе одговараат и учесниците во ваквите активности, но и тие кои попречиле истрага.
„Наместо ви име на законот тие делувале во име на партијата на власт. Ваквата параполициска партиска формација вршела брутална злоупотреба, а освен раководството и командирите на прилепската полиција во нејзе учествувале и лица од најблиското опкружување на Оливер Спасовски, рече Ковачки.
Тој вели оти според нивните сознанија, групата била под команда на Кире Китановски од МВР п човек на Оливер Лукаревски кој е советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.