Лидерска средба ќе има во Клубот на пратеници во 11 часот во среда, потврдуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Форматот ќе биде тет-а-тет.

-До средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе изврши широки консултации со Пратеничката група , Коалицијата и Извршниот комитет. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.