Од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на претседателот Стево Пендаровски годинава да не држи говор на Мечкин Камен на 2 Август е срамен и недржавнички чин.
На прашање дали Христијан Мицкоски ќе одговори на поканата сите политички лидери да присуствуваат на одбележување на празникот, од ВМРО-ДПМНЕ одговараат дека претседателот на партијата традиционално ќе биде во Ташмаруништа.
„Претседателот Христијан Мицкоски традиционално ќе биде присутен во струшко Ташмаруништа. А, Пендаровски со овој потег ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден. Но кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.