Од ВМРО-ДПМНЕ денеска посочуваат дека силно понижување е „исфрлањето“ на премиерот Димитар Ковачевски од фотографијата на Петков.
Според нив, таквиот чин е „директно спротивен на тврдењата на Ковачевски дека дувале нови ветришта на пријателство кое еве гледаме го оддуваа од фотографијата со Петков“.
„Дома се прават пријатели, а пред Светот Ковачевски не го редат ниту на фотографија. Затоа се должни да одговорат што стои позади ваквото понижување и ваквиот деградирачки однос кон премиерот на Македонија? Вака ли продолжува дијалогот со Бугарија преку понижување на едната страна од учесниците во процесот? И ова ли ќе го премолчи Ковачевски?“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Петков го „исече“ Ковачевски од фотографија со Блинкен, една слика две интерпретации (ФОТО)