Во чест на 8-ми Март, во чест на мајката, сестрата, колешката, пријателката, и во чест на секоја жена, ВМРО ДПМНЕ организираше протестен марш по улиците на Штип. Организаторите од Унијата на жени рекоа дека протестираат за сите дискриминирани жени, посебно за оние кои треба да живеат со помалку од 150 денари на ден. „Ние сме посилни од предрасудите“, порачаа жените од Унијата и најавија дека борбата за еднаквост, правда, мир и развој – ќе продолжи и со наредните генерации.