Владата помага и на повредените од трагедијата, и на оние кои имаат некаква трауми од истата, и на оние кои за семејства кои за жал изгубија свој близок од истата, велат од ВМРО – ДПМНЕ по повикот од СДСМ да го поддржат законот за Кочани.
„Владата ја стави на располагање целата државна помош којашто им е потребна на оние кои се со последици од трагедијата. И тука нема да застанеме, затоа што ова е процес којшто ќе трае со години, а Владата нема да ги заборави овие граѓани, како што СДС и ДУИ ги заборавија повредените и загинатите од Ласкарци, Беса транс, Модуларна болница, Онкологија, КОВИД кризата и сите оние коишто не добија ниту правда, ниту одговорност, ниту помош од државата“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.
Законот кој го предлага СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека е предводен од Филипче и Спасовски, луѓето кои беа директно одговорни за сите трагедии во изминатиот период, а за жал, македонската јавност не доби никакви одговори.
„СДС, Филипче и Спасовски, треба да се засрамат и да престанат да глумат загрижени, и да прекинат да ја политизираат трагедијата во Кочани.
Повторуваме уште еднаш, одговорност и правда ќе има!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
На прес- конференција денес, СДСМ уште еднаш ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат законот за Кочани за да покажат дека се тука за семејствата на загинатите.