„Ковачевски не може да ја сокрие нервозата. Таа е толку очигледна на секое негово јавно појавување, а особено на денешното интервју. Тоа е резултатот на лажната реалност која ја презентира, а во која ни самиот не верува. Мисли дека ако купил едно пакување макарони со многу помпа и камери, знае како живеат граѓаните. Очигледно ниту знае, ниту ја чувствува инфлацијата која ги изеде платите и стандардот на граѓаните. Неговите статистички гимнастики не може да ја заменат горчливата реалност на луѓето кои имаат се помалку пари да си ги приуштат работите кои можела да ги купат пред 2, 5 или 10 години. Спектакуларното намалување на тестенините за неколку денари, е несразмерно за континуираниот рас на цените кој трае повеќе од година, растот на цената на струјата, горивата итн.
Плејстејшн политичарот Ковачевски, како го вклучија така и ќе го исклучат од Владата, со притискање на едно копче, било тоа да е во Муртино или во Мала Речица“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.