ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со обвинувања кон МВР, откривајќи, како што велат, злоупотребата на службената должност.
Драган Ковачки од ова партија вели дека во Вибер е формирана група со службеници на МВР, кои на денот на изборите се координирале за да запираат автомобили за да им пречат на граѓаните.
Според Ковачки, ова група била координирана од советникот на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски.
Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и за истите рече дека се невистинити.
„На денот на изборите, 17 октомври, во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле. МВР почна внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата“, велат од МВР.
Од МВР велат дека тие се гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини.