Во Министерството за финансии се заговара воведување на кризен данок, по примерот на воениот данок во 2001 година, наведуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во партиското соопштение се додава:

Advertisements

Ова значи плаќање на дополнителен процент данок на буквално секоја финансиска трансакција. Тоа значи дека кога секој граѓанин ќе купува нешто или ќе плаќа сметка, ќе плаќа допонителна сума, процент од сметката на Владата. На овој начин Владата на Заев става рака во џебовите на сите граѓани во државата и влијае на нивно дополнително осиромашување, покрај вртоглавиот раст на цените на прехрамбените производи, горивата, како и најавата за ново поскапување на електричната енергија.

Дека има ваква иницијатива, потврди и вицепремиерот Битиќи кој рече дека не е исклучена ваквата можност, како и дека и претходно сме имале кризен данок во 2001 година, таканаречен Воен данок, поради високиот дефицит во буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе