ВМРО-ДПМНЕ се јави со реакција на изјавата на Заев дека Петре Шилегов е нивен фаворит за градоначалник и на следните локални избори кои треба да се одржат оваа есен.

Не сме изненадени што Шилегов е фаворит на Заев за Скопје, зарем чесен и работлив ќе биде? – Нормално криминалец и мрзелив како Заев.

Петре Шилегов 4 години со прст не мрдна за Скопје. Никаде ги нема тунелот под Кале, продолжувањето на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, сообраќајниците на повеќе нивоа, зелените кровови на сите јавни институции и приватни згради.

Шилегов во овие четири години покажа дека го разбира моделот “евро за Вицето, евро за црквата”. Набавката на противпожарно возило со скала за 1.7 милиони евра, што е двојнк поскапо од исто такво набавено од град Загреб е апсолутен доказ за тоа.

Можеби оваа набавка беше пресудна за Заев тој да се одлучи дека Шилегов е негов фаворит. Впрочем ова е слика и прилика за тоа како работи СДСМ, велат од опозициската партија.