„Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памети колку каде дал, секако сеедно му е.
Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле ефтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на МЗШВ.
Дон Николовски ништо не го вади од одговорноста, дека додека земјоделците тука мака мачеле со откуп и пласман, тој ноќевал по скапи хотели платени неколку стотина евра.
Дон Николовски раскалашено се однесувал со народните пари. Дон Николовски е лицемерен, никој повеќе не му верува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.