„Комплетна невистина е дека сопругата на министерот Тимчо Муцунски патувала во Вашингтон.

Срамно и жално е што СДС и малиот Заев, Филипче станаа извор на лажни вести.

Денес Филипче требаше да излезе и да објасни како се стекна со супер луксузна хациенда на падините на Водно како министер и супер луксузно возило? Со која плата и кои извори на финансирање?

Наместо одговори тие продуцираат лажни вести“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.