Она што го нуди Филипче на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а е поврзано со Клиничкиот центар е тие да дадат амин на најкорумпираната влада во Европа да располага со над пола милијарда евра за криминална изградба на Клинички центар, возвратија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ по објавата на соопштението од министерот за здравство, Венко Филипче со кое денеска ја повика опозицијата во Собранието да ги повлече 2.000 амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар.

Во соопштението од ВМРО се додава:

Филипче краде од набавка на томографи, а можете да замислите што ќе се случи кога на располагање ќе имаат над пола милијарда евра. Тоа би било пљачка на векот.

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа.

Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра.

Фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект. Ниту Клинички ќе има, ниту подобри здравствени услови.