Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека е нелогично што се уште е вицепремиер за борба против корупцијата, ако се знае дека Македонија паднала на 111-то место според индексот за перцепција на корупцијата на последната листа на Транспаренси.
-Љупчо Николовски не смее да разреши или да побара оставка на ниту еден повисок функционер во власта. Николовски молчи и го толерира Марин, иако ЗНМ кажа дека преку огласот за награда на прилог на новинар кој ќе промовира проект ба општината тој прави корупција.
Николовски не само што не смее да го разреши, туку и огласот уште стои на страната на општина Аеродром.
Очигледно е дека позицијата на Николовски е измислена само за истиот од некаде да зема плата и да може да ги врши партиските задачи.
Љупчо Николовски не презема ниту една иницијатива против криминалот поради кој сме рангирани на 111 место на листата на Транспаренси, велат од ВМРО-ДПМНЕ.